На 07.12.2022 во 23.00 часот во СВР Скопје, С.М.(41), М.Т.(35) и В.Т.(53) сите три од скопско, пријавиле дека во периодот од 12.30 до 12.40 часот во автобус со бр.65 во Скопје, додека сообраќал од с.Сингелиќ, скопско до трговски центар на подрачје на Гази Баба, нивните три малолетни синови биле физички нападнати од повеќе лица, кои им се заканувале и навредувале.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.