На 09.08.2022 во 04.08 часот во Полициска станица Бит Пазар е пријавено дека во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, настанал пожар на мотоцикл со скопски регистарски ознаки, сопственост на Е.Б. од Скопје, при што од пожарот бил зафатен и угостителски објект, сопственост на Ш.Џ.(49) од Скопје.
Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје, а повредени лица нема.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.