среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Пожар на Витачево, горат трева и дабова шума на околу 20 хектари

Пожар на Витачево, горат трева и дабова шума на околу 20 хектари

Пожар зафати трева и дабова шума на околу 20 хектари на висорамнината Витачево. Огнот почнал кај станицата на селото Драгожел.

Од Територијалната противпожарна единица Кавадарци потврдија за МИА дека на местото засега интервенираат четворица пожарникари со едно возило.

-Околу час и половина се бориме со огнот. Во таа борба многу ни одмага ветерот кој го има во моментов на висорамнината, рекоа од единицата.

Очекуваат поддршка во гаснењето на пожарот од работници на подружницата на ,,Македонски шуми”. (МИА)