вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Пожар од огномет во Скопје, едно лице во бесознание

Пожар од огномет во Скопје, едно лице во бесознание

Пожарникарите околу еден час пред полноќ интервенирале на подрачјето на Бит Пазар каде од пиротехнички ракети настанал пожар. Сопственикот на објектот бил извлечен во бесознание.

-Во 23 часот при дојава за пожар на ул. Крсте Мисирков позади 26 Јули Бит Пазар на тераса од употреба на пиротехнички ракети настанат е ПОЖАР во кој спасен е сопственикот кој беше во бесознание. Веднаш е повикана екипата на Брза Помош која го пренесе повредениот, информираат од скопската противпожарна бригада.