На 11.03.2021 во 15:07 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во куќа на ул.„Спиро Црне“, сопственост на Т.М.(66).
Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, при што еден пожарникар се здобил со изгореници, а друг пожарникар се пожалил на вдишување чад.
Извршен бил увид на местото.