На 13.03.2022 во 11.05 часот во Полициска станица Центар било пријавено дека во Скопје, на кружниот тек во населба Дебар Маало, настанал пожар при што опожарени се три контејнери, а делумно било оштетено патничко возило „мазда“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Н.М.(48) од Скопје, кое било паркирано во близина на контејнерите.
Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје, а увид извршила екипа од СВР Скопје.