На 25.05.2022 во 05:03 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во просторија на фирма во с.Грчец, општина Сарај, сопственост на Х.Н.(27) од с.Грчец.
Со пожарот биле зафатени и две оранжерии во сопственост на Н.И.(31) од с.Грчец.
Екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје целосно го изгаснала пожарот, а повредени лица нема.