На 22.05.2022 во 14.25 часот во СВР Штип, Д.К.(46) од Штип пријавил дека настанал пожар во хала во фирма за метална индустрија од Штип, при што биле опожарени повеќе предмети и едно возило, сопственост на правното лице.
Екипа на Територијалната противпожарна единица Штип го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа од СВР Штип.