На 21.11.2021 во 04.20 часот било пријавено дека во Гостивар на ул.„Илинденска“ настанал пожар, при што биле зафатени неколку бараки.
Од екипа на Територијалната противпожарна единица Гостивар пожарот бил изгаснат.
Повредени лица нема. Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од Полициската станица Гостивар.