вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Пожар во куќа на „Нобелова“, нема повредени лица

Пожар во куќа на „Нобелова“, нема повредени лица

На 26.06.2022 во 22:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во куќа на улица „Нобелова“, сопственост на Б.Ј., при што била опожарена кровната конструкција и две соби.

Екипа на противпожарна бригада Скопје целосно го изгаснала пожарот, а повредени лица нема.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.