На 19.10.2022 во 11.23 часот во СВР Куманово било пријавено дека во с.Оризаре, oпштина Липково, настанал пожар во куќа сопственост на А.С..
Екипа од Територијалната противпожарна единица Куманово го изгаснала пожарот, а со повреди од пожарот се здобила Р.В.(40) од с.Оризаре, која била пренесена во Општа болница Куманово за укажување на лекарска помош.
Увид бил извршен од екипа од СВР Куманово.