сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Пожар во подземна гаража во Охрид: Евакуирани станари, потрошени сите боци со кислород

Пожар во подземна гаража во Охрид: Евакуирани станари, потрошени сите боци со кислород

Пожар ноќеска околу полноќ избувна во подземна гаража на станбена зграда во центарот на Охрид. Притоа опожарени се три возила, а евакуирани се станарите од влез на објектот, поради интензивен чад последица на пламенот.

На лице место интервенираше Територијалната единица за противпожарна одбрана од Охрид со сите расположиви ресурси за таа намена. Пламенот е изгаснат, но во акцијата се потрошени сите боци со кислород наменети за интервенции во затворени простории.

На местото на настанот беа присутни и екипи на Службата за итна медицинска помош, кои исто така интервенираа кај лица што подолго време вдишувале чад.

Освен причинетата материјална штета, за среќа нема повредени во пожарот, а причината за неговото избувнување ќе ја утврди истрагата.