петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Пожар во приколка од трактор, повредено едно лице

Пожар во приколка од трактор, повредено едно лице

На 20.06.2022 околу 14:20 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека во с.Подареш, радовишко, настанал пожар во приколка од трактор натоварена со бали сено, кој го управувал М.И.(43) од с.Подареш.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш и лицата кои биле присутни. Притоа, додека го гаснеле пожарот со повреди се здобил Р.А. од с.Подареш, кој бил пренесен во ЈЗУ Радовиш за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Радовиш.