На 14.03.2020 во 16:05 часот во Полициска станица Прилеп било пријавено дека настанал пожар во куќа на ул.„Ристе Василески“, сопственост на С.И.(56), при што бил опожарен инвентар во просторијата за дневен престој.
Според пријавеното, во моментот на настанување на пожарот во куќата била мајката на сопственикот на куќата, Н.И.(78), која потоа била пренесена на преглед во Градската болница во Прилеп и немала повреди. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица Прилеп.
Увид извршила увидна екипа од Полициска станица Прилеп.