недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

ПОЖАР ВО ШТИП: Гори зграда, најмалку едно лице е повредено

ПОЖАР ВО ШТИП: Гори зграда, најмалку едно лице е повредено
илустрација

Гори зграда во Штип, а најмалку едно лице е повредено. Во 18:35 часот се запалиле два стана во зграда на погорните катови на ул. Широк Дол бр.5.

Во гаснењето на пожарот во моментот интервенираат 6 пожарникари со 2 противпожарни возила.

Брза помош е на лице место и истите известуваат дека едно лице било повредено.

Се очекуваат повеќе информации.