На 05.09.2022 околу 12:30 часот во СВР Велес било пријавено дека настанал пожар во стан на ул.„Славко Горгиевски“ во Велес, сопственост на Д.С.(40) од Велес.
Поради вдишување на чад, Д.С. бил пренесен во болницата во Велес за укажување лекарска помош.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес. Увид извршила екипа од СВР Велес.