недела, 11. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Пожар во училиште во Кисела Вода: 11-годишни деца палеле душеци

Пожар во училиште во Кисела Вода: 11-годишни деца палеле душеци
илустрација

На 09.09.2019 во 13:28 часот во Полициската станица Кисела Вода било пријавено дека настанал пожар во малата спортска сала од основно училиште.

Екипа од Бригадата за противпожарна заштита излегла на местото, но немало потреба од интервенција, бидејќи  пожарот веќе бил изгаснат.

Според пријавеното, на местото биле затекнти двајца 11-годишни малолетници, кои признале дека се обиделе да запалат два душека за вежбање во салата, а потоа со вода го изгаснале огнот.

Увид извршила екипа на СВР Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.