сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Пожар избил на патот Велес-Градско, огнот е изгаснат

Пожар избил на патот Велес-Градско, огнот е изгаснат

Со брза интервенција на Територијалната Противпожарна Единица од Велес попладнево во 15:20 часот целосно е изгаснат пожар меѓу патиштата на релација Велес-Градско на просторот помеѓу  стариот и новиот пат-Автопатот веднаш над бензиската пумпа.

Во пожарот изгореле 200 метри сува трева и неколку дрвца на оваа локација, информираа за МИА од ТППЕ Велес, а веста ја потврдија и од ЦУК –Велес.

Пожарот бил пријавен во 14:18 часот, а изгаснат е во 15:20 часот со брза и навремена интервенција на тројца пожарникари со едно противпожарно возило од ТППЕ Велес.