вторник, 27. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Пожар во гостиварско: Гореше куќа, повреден пожарникар

Пожар во гостиварско: Гореше куќа, повреден пожарникар
илустрација

На 31.01.2023 во 20.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека настанал пожар во куќата на 62-годишниот И.У. во гостиварски Равен.

Опожарен бил горниот дел од објектот, а при преземање мерки за гаснење на пожарот со телесна повреда се здобил 43-годишниот пожарникар М.С. од гостиварско Речане, констатирана во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Гостивар, а увид извршила екипа од ОВР Гостивар.