На 17.10.2023 во 12:38 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Шарпланинска“ во Скопје настанал пожар во помошна просторија во која престојувал Д.М.(80) од Скопје.
Притоа, со повреди се здобил Д.М., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.
Екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот. Увид бил извршен.