Полицијата информира дека вчера околу 13.15 часот во близина на с.Сараќино, тетовско, М.К. (65) од истото село пријавил дека во реката Вардар имало заглавено тело на машко лице.
-Полициски службеници извршиле увид на местото и констатирале дека се работи за лицето Г.Ш. (91) од с.Стримница, кој на 17.05.2018 година бил пријавен за исчезнат. Лекар од судска медицина извршил преглед над телото и констатирал дека нема траги на насилство, информираат од МВР.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството.