среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Познат идентитетот на момчето кое вчера се удави во езерото Младост

Познат идентитетот на момчето кое вчера се удави во езерото Младост

Министерството за внатрешни работи денеска го соопшти идентитетот на момчето кое вчера се удави во водите на езерото Младост.

Како што информираат од МВР, станува збор за скопјанецот М.С. на возраст од 28 години кој влегол во водата и по кусо време потонал и се удавил.

-Телото на М.С. било извадено од водата, а од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес, а по наредба  на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството, велат од МВР.