среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Познат идентитетот на убиениот маж во скопско Инџиково

Познат идентитетот на убиениот маж во скопско Инџиково

Министерството за внатрешни работи излезе со официјална информација за убиството кое синоќа се случи во скопско Инџиково.

-На 13.08.2020 во 23.06 часот во СВР Скопје, М.Н. пријавила дека двор од куќа во с.Инџиково, скопско, при расправија на две лица со нејзиниот сопруг И.А.(49), едното од нив со пиштол пукало во него.  Според пријавеното, двете лица побарале пари од И.А., но кога им кажал дека нема пари, едното лице пукало кон него. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, информираат од полицијата.

Од МВР додаваат дека се работи на расчистување на случајот.