понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Позната причината поради која избувна пожар во зграда во Гевгелија

Позната причината поради која избувна пожар во зграда во Гевгелија
илустрација

Греалка е причина за пожарот кој вчера околу пладне избувна во станбена зграда во Гевгелија.

Од МВР информираат дека по извршениот увид, утврдено е дека причина за настанување на пожарот е греалка која се користела во еден од становите.

Пожарот бил пријавен во 12 часот, на улица „Ристо Чавдаров“, во колективна станбена зграда при што биле опожарени станови од поткровјето.

Пожарот е изгаснат од екипи на противпожарната единица од Гевгелија, Валандово и Неготино.