среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Пред една година го фатија со кокаин, сега доби кривична пријава

Пред една година го фатија со кокаин,  сега доби кривична пријава
илустрација

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Д.К.(42) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 30.11.2020 во Гостивар, полициски службеници службеници извршиле преглед во возило „фолксваген голф“ со словачки регистарски ознаки, во кое биле три лица од с. Врапчиште, гостиварско, при што бил пронајдени одземен кокаин, а тие биле приведени во полициска станица.

Во разговор со полициски службеници тие изјавиле дека дрогата ја купиле од пријавениот.