среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Пред казино сакал да продава кокаин, полицијата го фати во “смарт“

Пред казино сакал да продава кокаин, полицијата го фати во “смарт“
илустрација

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.А.(37) од Тетово поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“.

На 11.10.2021 во близина на казино во Тетово, полициски службеници извршиле преглед во паркирано патничко моторно возило „смарт“, во кое се наоѓал пријавениот, при што кај него пронашле и одзеле кокаин.