сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Прегазен пешак во Кичево

На 25.01.2023 во 18.10 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на ул.„Рудничка“ во Кичево, патничко возило „опел“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од А.А.(32) од Кичево, удрило во Л.К.(61) од Кичево.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.К., констатирани во Медицинскиот центар во Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево.