На 17.04.2020 во 22.10 часот, полициски службеници од СВР Охрид, во координација со полициски службеници од Секторот за општ и насилен криминал во МВР, го пронајдоа Б.П.(33) од охридската населба Рача.
Тој, на 16.04.2020 година во 13:05 часот, на мобилниот број од неговиот брат, испратил порака дека е киднапиран од непознати лица, кои барале пари за негово ослободување.
По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе кривична пријава за лажно пријавување на кривично дело.