понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Претепан скопјанец донесен во болница: Го нападнале повеќе лица, бил изваден и пиштол

Претепан скопјанец донесен во болница: Го нападнале повеќе лица, бил изваден и пиштол

На 08.04.2023 околу 03:00 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „8 Септември“ било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен Р.Ф.(29) од Горно Нерези, скопско.

Според пријавеното, околу 01:20 часот на ул.„Козле“ тој бил физички нападнат од неколку лица, од кои двајца познавал, при што едно од лицата извадило пиштол.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.