На 05.05.2023, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Демир Хисар во с.Вирово, демирхисарско, по наредба од Основен суд Битола, извршија претрес во домот и помошните простории кај лицето Г.П.(49) од с.Вирово. При претресот се пронајдени и одземени еден пиштол, 60 куршуми различен калибар, ловечка пушка и други предмети.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.