Полициски службеници од СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар денеска (21 март) околу 17 часот го лишиле од слобода 43-годишниот К.Д.од Гостивар затоа што при претрес извршен со судска наредба во неговиот дом во Гостивар пронајден е кокаин и дигитална вага.
Тој е задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок по член 215 од Кривичниот законик за “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.