Денеска (29.06.2022) околу 06:50 часот во с.Грчец, скопско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода С.О.(20) од с.Грчец.
При претрес во неговиот дом, извршен по претходно добиена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, пронајдени се и одземени ќеса со кокаин и дигитална вага со остатоци од кокаин.
С.О. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.