Денеска (15.05.2022) во 08.00 часот полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово ги лишиле од слобода С.Т. и С.Р. од Куманово.
При претрес извршен со судска наредба во домот на С.Т. биле пронајдени и одземени амфетамин, марихуана, пиштол „Екол“ без дозвола, како и поголем износ на пари во различни валути, а на лице место е затекнат С.Р. при купопродажба на амфетамин.
Лицата се приведени во полициска станица и во координација со Јавен обвинител од ОЈО Куманово по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.