четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Претрес во Прилеп, пронајдени оружје и муниција

Претрес во Прилеп, пронајдени оружје и муниција
фото илустрација

Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи од ОВР Прилеп, денеска по добиена судска наредба извршија претрес во дом и други простории кај Д.Р.(50) од Прилеп.

При претресот се пронајдени и одземени пушка „Црвена застава“ калибар 16 мм, пиштол германско производство калибар 9 мм, 4 парчиња спорогоречки штапин за експлозив, детонаторска каписла број 8, 10 парчиња муниција 7,9 мм и 6 ловечки патрони, за кои не поседувал дозвола.

По целосно документирање на случајот против Д.Р. ќе биде поднесена кривична пријава за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали“, казниво по чл.396 од Кривичниот законик.