петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Претрес во село Ласкарци, пронајдено оружје и муниција (Фото)

Претрес во село Ласкарци, пронајдено оружје и муниција (Фото)

По преземени мерки и активности, денеска (20.10.2023) од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје, извршија претрес на дом и други простории кај С.З. во село Ласкарци,скопско.

При претресот, во близина на помошен објект кој го користи, пронајдени се еден конвертиран пиштол, две празни рамки за автоматска пушка и 16 куршуми. Исто така, при претрес во неговиот дом, пронајдени се и три пиштоли и ловна пушка. С.З е приведен и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.