среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Претрес во Штип, приведени тројца криминалци

Претрес во Штип, приведени тројца криминалци

На 15.12.2022 во Штип, полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода Т.З.(44), М.Д.(19) и А.Ј.(22), сите од Штип.

При претрес во домот на Т.З., извршен со судска наредба, во кој биле затекнати М.Д. и А.Ј., биле пронајдени и одземени марихуана, бела грутчеста материја, две дигитални ваги, пари и предмети кои потекнуваат од извршени кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.