На 07.10.2022 околу 07:00 часот, од полициски службеници од СВР Штип и Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи бил лишен од слобода С.М.(41) во с.Ебеплија, штипско.
При претрес извршен во неговиот дом во с.Ебеплија, по претходна наредба од Основен суд Штип, во помошни простории биле пронајдени: една пушка – двоцевка, една пушка карабин „крањ“ 8х57, еден револвер, 34 боеви куршуми и 12 патрони.
Предметите биле одземени, а С.М. бил приведен во СВР Штип. По целосно документирање на случајот ќе следи поднесок во врска со кривично дело по чл.396 од Кривичниот законик, за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.