вторник, 27. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Превентивни активности на СВР Тетово за побезбеден сообраќај

Превентивни активности на СВР Тетово за побезбеден сообраќај

Во рамките на заедничката кампања „Вози внимателно и одговорно“, чии носители се Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Министерството за внатрешни работи и Факултетот за безбедност-Скопје, полициски службеници од СВРТетово-Отсек за превенција, денеска (25 февруари) во Тетово и Гостивар организираа превентивни активности, при што поделија и неколку стотини наменски изработени летоци. Во летоците кои им се делеа на возачите во централните подрачја на Тетово и Гостивар, содржани се пораки со иста основна цел „Не користи мобилен телефон додека возиш“ и „Секој човек може да почека“, а во функција на поголема лична и вкупна безбедност во сообраќајот.

Ова, дотолку повеќе што зборувањето на телефон и пишувањето на пораки е опасно и ризично, го одвлекува вниманието на возачите и ги доведува во опасност да предизвикаат сообраќајни несреќи.

Со оваа кампања се очекува да се придонесе за подигнување на сообраќајната свест и култура на возачите да се воздржат од користење мобилни телефони додека возат и да бидат максимално внимателни и сконецентрирани. Инаку, за користење мобилни телефони при возење минатата година на подрачјето на СВР Тетово биле изречени над 500 законски предвидени мерки.