сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Превезувал огревно дрво без документација, полицијата го фати на дело

Превезувал огревно дрво без документација, полицијата го фати на дело

На 23.03.2023 во 17:15 часот, при контрола извршена во месноста „Шумски Ревир“ во атарот на кичевското село Грешница, полициските службеници затекнале патничко возило „нисан терано“ без регистарски таблички, управувано од А.А.(21) од истото село.

Притоа, констатирале дека тој неовластено и без соодветна документација превезува огревно дрво. Дрвата се одземени и предадени на Шумската полиција за натамошна постапка.

По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.