среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведено лице од Батинци, превезувало огревно дрво без документација

Приведено лице од Батинци, превезувало огревно дрво без документација

Во скопското село Батинци синоќа околу 20.30 часот полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода М.Џ.(24) од село Батинци.

Како што денеска информираа од МВР, тој бил затекнат како со товарно возило „там“ врши транспорт на огревно дрво без документација.

Возилото и дрвата биле одземени за понатамошна постапка, а лицето било приведено во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  (МИА)