понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

При претрес во дом во Кичево пронајден кокаин, уапсени две лица

При претрес во дом во Кичево пронајден кокаин, уапсени две лица

На 01.09.2022 во 19.50 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево ги лишиле од слобода Н.И.(23) од кичевското село Србјани и А.Л.(24) од Струмица.

При претрес во дом во Кичево, што привремено го користела А.Л., извршен со судска наредба и во присуство на адвокат, полициските службеници го затекнале Н.И. и кај него пронашле и одзеле кокаин.

Од А.Л. била одземена една дигитална вага и други предмети кои потекнуваат од кривичното дело. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.