ОВР Свети Николе поднесе кривична пријава против И.С.(43) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
На 09.01.2021 во Свети Николе, полициски службеници извршиле преглед над Д.П., при што пронашле хероин, кој претходно го купиле од пријавениот.