На 25.02.2021 во 17.10 часот, полициски службеници од СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, во содејство со Управата за јавни приходи, извршиле контрола во угостителски објект во с.Добридол, гостиварско, сопственост на Е.Џ.(32) од с.Добридол.
При контролата било констатирано дека во објектот, без лиценца, нелегално се приредуваат игри на среќа, поради што времено му била одземена целокупната опрема за приредување на игри на среќа. По расчистување на случајот, против Е.Џ. ќе следува соодветен поднесок.