сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Притвор за возачот што се обиде да побегне од полициска контрола

Притвор за возачот што се обиде да побегне од полициска контрола

Судија на претходна постапка определил мерка притвор за возачот кој вво саботата се обиде да и побегне од контрола на полицијата и физички нападна полицаец. Тој е пренесен во затворот Шутка.

Според СВР Тетово, судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар на И.Б. (49) од гостиварското село Балиндол му определил мерка притвор од 8 дена. Тој е осомничен дека сторил кривично дело „напад на службено лице при вршење работи од областа на безбедноста”. И.Б. претходно доби пријава по член 383 став 1 од Кривичниот законик, од СВР Тетово.

По носењето на решението од гостиварскиот суд И. Б. е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор “Скопје” во Скопје за издржување на притворот.

Осомничениот, на 24 април околу 17 часот и 10 минути, на улица „Браќа Ѓиновски” во Гостивар, нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејствија од областа на сообраќајот, по што И.Б.беше приведен и задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот.