среда, 13. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен 30-годишник од Тетово поради учество во сообраќајка со тешки последици

Приведен 30-годишник од Тетово поради учество во сообраќајка со тешки последици

На 18.08.2021 околу 12.50 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово, врз основа на судска наредба, го привеле 30-годишниот А.С. од тетовско Слатино, осуден на затворска казна за учество во сообраќајна несреќа со тешки последици.

Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово за издржување на казната.