петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен битолчанец поради предизвикување пожар во возило

Приведен битолчанец поради предизвикување пожар во возило

Денеска (03.11.2022), полициски службеници од Криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода З.А.(40) од Битола. Тој се сомничи дека на 02.11.2022 во 02.18 часот на ул.„Цане Василев“ во Битола предизвикал пожар на патничко моторно возило „бмв“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на Р.Ф.(60) од Битола.

Екипа на Територијалната противпожарна единица Битола го изгаснала пожарот, а повредени лица. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава.