Полициски службеници привеле жител на Дебар поради семејно насилство.
– Во Одделението за внатрешни работи приведен е С.Б.(67) од Дебар. Тој, претходно во семејниот дом физички ја нападнал неговата ќерка. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, изјави Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи – Охрид.
Тој информираше дека вчера од 17 до 23 часот, на подрачјето на ОВР Дебар извршени се засилени акциски контроли кон возачи на велосипед со мотор, мопеди и моторцикли.
Притоа, полициските службеници регистрирале и санкционирале седум прекршоци сторени од овие возачи, најчесто управување без заштитен шлем, без возачка дозвола и нерегистрирани мотор, мопеди и моторцикли.
– Поради масовното присуство на иселеници, на ова подрачје за неколкупати е зголемен бројот на возила а со тоа и фреквенцијата по патиштата. Апелираме до возачите на мотори и други моторни возила, внимателно да ги управуваат возилата и доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи- апелира Димоски.