Денеска (17.08.2023) во 12.30 часот на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје, Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје и Одделението за криминалистички работи при ЕВР Ѓорче Петров го лишиле од слобода О.Е.(26) од село Крушопек, скопско.
-Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од шест години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик, информира МВР.
Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната.