На 14.12.2022 во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода Р.О.(60) од Струга.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.