На 11.08.2021 во 03.00 часот на ул.„Пелагонија“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ѓ.(20) од Скопје.
-По преземени мерки и активности било констатирано дека А.Ѓ. извршил кражба во куќа на К.Р. во Шуто Оризари, при што одзел пари и златен накит, кој го продал на друго лице од Скопје, а парите ги потрошил, информира МВР.
Украдените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 235 од Кривичниот законик.